Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека играчите се принудени да играат на премногу турнири.
„Една од причините зошто гледаме играчи кои се повредуваат е тоа што тие (службениците на АТП) понекогаш вршат премногу притисок врз нас да играме многу турнири и натпревари. Одиме во погрешна насока“, вели Алкараз.
Шпанскиот тенисер ја освои титулата во Токио пред два дена, а во сабота ќе го игра натпреварот од првото коло на Мастерсот во Шангај против Аргентинецот Хуан Мануел Черундол.
„Подготвен сум да го прифатам предизвикот на овој турнир. Ако се осврнеме неколку години назад, овој дел од сезоната никогаш не бил најдобар за мене. Само сакам да бидам во добра форма за овој турнир, бидејќи навистина сакам да победувам на турнири. Во моментов, мислам дека тоа е дополнителниот поттик што го имам за остатокот од сезоната“, рече Алкараз.
Шпанскиот тенисер имаше проблеми со повредите во текот на сезоната. Тој беше надвор од игра од април до август поради проблем со зглобот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
