Сега е официјално: Монтела доби “клоца“ и милион евра

Италијанецот Винченцо Монтела, повеќе не е селектор на репрезентацијата на Турција, потврди Фудбалската федерација на оваа земја.

Монтела доби отказ порази славите резултати на Турција на Светското првенство кое се одржа изминатото лето во САД, Канада и Мексико, како и поради очајните резултати во Лигата на нации каде загуби на сите четири натпревари.

Монтела на клупата на Турција седна во 2023 година и ја однесе на ЕП 2024 каде стигна до четвртфиналето.

Потоа ја однесе Турција и на СП 2026 каде ги исполни очекувањата и репрезентацијата не успеа да ја помине групната фаза по поразите од Австралија (0:2) и Парагвај (0:1).

Турските медиуми пишуваат дека Монтела за отказот ќе добие отпремнина во висина од пет месечни плати, односно еден милион евра.

Како негов наследник се споменува поранешниот капитен на Турција, Арда Туран кој моментно е тренер на Шахтјор Доњецк.

 

 

Се вчитува...