Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, по завршувањето на обврските со „коцкестите“ во Лигата на нации, не се вратил во Милано, туку прво отпатувал во Мадрид.
Модриќ во тренинг центарот на Реал Мадрид имал средба со претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез.
Според италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, Модриќ во Валдебебас се задржал со 21.20 часот по што со приватен авион заминал за Милано каде се приклучил на тренинзите на „росонерите“.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека главна тема на Модриќ со Перез била можноста по завршување на кариерата, Хрватот да се врати во Реал Мадрид и да добие некаква улога во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
