НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – СО ПОРАНЕШНИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР, МИРСАД ЈОНУЗ
Отворено, искрено, директно за сите актуелности во македонскиот фудбал – За актуелниот момент во македонската репрезентација, но и за периодот на селекторување под негово водство… За Гоце Седлоски како играч, но и за Гоце Седлоски како тренер… За ФК Вардар, за ФК Работнички, за сопствената фудбалска одисеја по Грција!
=============================================
Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди =============================================
РАЗГОВОРИ ЗА…
· За последните настапи на македонската репрезентацијата во Б-дивизијата од Лигата на нациите
· За актуелниот селектор на Македонија, Гоце Седлоски, како играч но и како тренер и осумте негови натпревари на чело на националниот тим без победа, и без постигнат гол
· Дали можеби и проблемот со македонскиот фудбал е далеку подлабок, дали можеби долги години претходно немаме изградено систем на производство на млади фудбалери, па во иднина ќе имаме уште полоши резултати на националните тимови?
· За периодот на Јонуз како селектор на Македонија од 2009 до 2011 година.
· Јонуз во минатото беше селектор и на Пандев, Попов, Новески, Митрески, Васоски, Седлоски, Грнчаров, Илчо Наумоски, Стојков… и уште бројни славни имиња на македонскиот фудбал. Со кого беше најтешко да се работи?
· За тоа колку странец е добро решение за селекторската функција!?
- За оние легендарни 7-0 или 5-0 со младата репрезентација…
· За почетоците на играчката кариера како голман на Победа, Тетекс, Вардар, Работнички но и грчки Левадиакос
· За славните денови како тренер на ФК Работнички кого го направи респектабилен прволигаш, а потоа и еден од најтрофејни клубови во Македонија
ГЛЕДАЈТЕ ТУКА…..
=========================================
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
