Македонскиот бокс оствари нов голем успех и за неполн месец обезбеди уште еден медал од европско првенство.
Помалиот брат на Ален Рустемовски кој минатиот месец освои бронзен медал на Европското првенство кое се одржа во Софија, Бугарија, Арабел Рустемовски исто така освои бронзен медал од европското првенство до 17 години.
Арабел во полуфиналето на ЕП кое се одржува во Будва, Црна Гора, загуби од боксерот од Обединетото Кралство, Чарли Кит со судиска одлука (1:4).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
