Управата на Баерн Минхен подготвува мегапонуда за Михаел Олисе и тоа откако ги одби летните напади од Реал Мадрид.
Според германски Скај спорт, Олисе би станал најплатен фудбалер на Баерн доколку се согласи на продолжување на договорот. Понудата е за нов договор со 2032 година и годишна нето плата поголема од 25 милиони евра со што би ги надминал Хари Кејн и Џамал Мусијала.
Актуелната плата на францускиот репрезентативец изнесува 14 милиони евра.
Но, пред да седнат на маса, фудбалерот и неговиот агент Глен Твенебо имаат еден услов, во договорот да биде ставена откупна клаузула со која Олисе би ја контролирал својата иднина.
„Михаел кај нас се разви во неверојатен фудбалер и моментно е еден од најдобрите на светот. Пресреќни сме што е дел од Баерн. Олисе има договор до 2029 година, така што нема притисок, тој се чувствува одлично во Баерн и се во постојана комуникација“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Германските медиуми шпекулираат дека доколку Баерн се согласи во новиот договор да се вметне откупна клаузула, таа би изнесувала повеќе од 200 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
