На Роналдо му фалат уште 20 гола за да дојде до магичната „илјадарка“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо по хаосот кој го направи во португалската репрезентација откако одлучи да го напушти кампот за време на натпреварите од Лигата на нации, се врати во Ал Наср каде вечерва направи уште чекор до остварување на сонот – да даде 1000 голови во кариерата.

Роналдо вечерва во дуелот против Дирија кој се игра во рамки на осмото коло во саудиската Про Лига, се запиша во листата на стрелци и тоа е негов 980-ти гол во кариерата.

Неговиот соиграч, Кингсли Коман шутираше од работ на шеснаесетникот, голманот на Дирија не реагираше најдобро и одбиената топка дојде до Роналдо кој ја затресе мрежата.

 

Al Nassr [1]-0 Al Diriyah – Cristiano Ronaldo 23′
by
u/xggq in
soccer

 

Се вчитува...