Европскиот шампион им се врати на победите и си поигруваше со Ефес

Актуелниот европски шампион Олимпијакос со 89:66 го совлада Анадолу Ефес во мечот од четвртото коло во Евролигата.
Со убедливиот триумф, Олимпијакос се врати на победничките патеки откако во минатото коло со звукот на сирената загуби од Виртус (94:96).

По четири кола, грчкиот тим има скор од три победи и еден пораз и се наоѓа на делба на третата позиција заедно со Фенербахче и Партизан.

Кошаркарите на Олимпијакос фуриозно го започнаа натпреварот, ја добија првата четвртина со 26:16, по што следеше пад во играта во вторите десет минути кога дадоа само девет поени. Но, и покрај тоа, на пауза заминаа со предност од 35:31.

Во вториот дел, европскиот шампион ја покажа силата, за пет минути направи серија 17:4 и поведе со убедливи 52:36 што им овозможи мирно да го приведат мечот до крајот.

Тренерот Јоргос Барцокас им даде шанса на сите 12 кошаркари и сите се запишаа во листата на стрелци, а најпрецизен беше Монтеро со 16 поени. Кај, турскиот тим, Пејн даде 12 поени.

Се вчитува...