Алкараз во третото коло во Мајами, пораз на Зверев

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, продолжува со одличните игри. Откако го освои Индијан Велс, младиот тенисер се пласираше во третото коло на Мастерсот во Мајами. Алкараз ноќеска после 66 минути рутински го совлада Банјис од Аргентина со 6-0 и 6-2. Интересно, во првиот сет Алкарас не изгуби ниту еден во гемовите во кои сервираше.

Во вториот сет Шпанецот поведе 2-0, а Аргентинецот израмни, но Алкараз врза четири гема и стигна до триумфот.

Настапот во Мајами го заврши Александер Зверев. Подобар од Германецот беше јапонскиот тенисер Данијел Таро со 6-0 и 6-4.

Јапонецот доминираше во првиот сет, додек во вториот му беше доволен само еден брејк за конечен триумф.

Во следното коло оди и Каспер Руд кој со 2-0 го совлада Ивашка, и Руне кој со 2-0 го совлада Фукшовиш од Унгарија. Во следното коло се пласираа Димитров, Давидович Фокина и Лајовиќ.

Се вчитува...