Аломеровиќ: Работнички посакува три бода од дуелот со Тиквеш

Работнички в недела ќе биде домаќин на Тиквеш на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во деветтото коло од Првата фудбалска лига.

Левиот бек Дин Аломеровиќ вели дека атмосферата во тимот е позитивна и тој и соиграчите размислуваат единствено за победа на претстојниот дуел.

„Го респектираме Тиквеш, тие покажаа дека се одличен тим, но и ние веруваме во своите квалитети и размислуваме за победа. Ако го дадеме максимумот и ги исполниме тактичките замисли на шефот Милан Илиевски, верувам дека можеме да ги освоиме трите бода. Нема да биде лесно, но ние сме максимално мотивирани за успех“, вели Аломеровиќ.

Натпреварот меѓу Работнички и Тиквеш е закажан за в недела, со почеток во 14 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а ќе суди Александар Ставрев.

Се вчитува...