Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не го смета долгиот лет на Реал Мадрид до Казахстан за изговор при евентуален неуспех на утрешниот меч.
Во вторник, Реал Мадрид ќе игра на гостински терен против Каират во второто коло од Лигата на шампионите. Летот од Мадрид до Алмати наводно траел седум часа.
„Треба да се адаптираме. Малку го променивме нашиот вообичаен прирачник, но во фудбалот, најпаметните тимови се оние кои најдобро се адаптираат. Ова е само уште еден натпревар, а тоа не е пречка или изговор. Откако почнавме со победа, сакаме да продолжиме во ист ритам“, рече главниот тренер на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

