Алонсо ќе биде амбасадор и тест возач на Мекларен

Фернандо Алонсо доби нова улога во неговиот поранешен Формула 1 тим. Тој стави крај на кариерата по завршувањето на минатата сезона, но најави дека сака да остане поврзан и со Мекларен и со Ф1. Затоа сега станува амбасадор на тимот, а ќе вози и на селектирани тестови за да помогне во развојот на новиот болид.

Алонсо има 945 трки за Мекларен вкупно во двата периода во кои беше дел од тимот во 2007 и потоа во периодот од 2015 до 2018 година. Шпанецот има две Ф1 шампионски титули.

Во тимот на Мекларен, Алонсо сезонава ќе се бори за титулата на Индијанаполис 500. Тој сака да стане само вториот возач во историјата кој ги обединил трофеите од Ф1, Ле Ман 24 и од Индијанаполис 500.

 

 

 

 

 

Се вчитува...