Алонсо ќе биде замената за Фетел во Астон Мартин

Двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо следната сезона ќе биде возач на Астон Мартин, потврдија од клубот. Алонсо во екипата на Астон Мартин доаѓа како замена за четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел кој на крајот на сезонава ќе стави крај на успешната кариера.

Фернандо Алонсо годинава едел од екипата на Алпин, а со Астон Мартин како што е познато ќе потпише повеќегодишен договор. Тој следната сезона за клупски колега во Астон Мартин ќе го има Ленс Строл.

 

Се вчитува...