Алонсо конечно се враќа во Формула 1 – Во Бахреин ќе го има првото тестирање

Фернандо Алонсо конечно се враќа и на големо задоволство на фановите ќе го вози својот болид на „Алпин“ во текот на вториот ден од тестирањето во Формула 1 во Бахреин. Шпанецот се опорави од страотниот пад од велосипедот, по што мораше да ја оперира вилицата.

Поранешниот светски шампион од 2005 и 2006 година за прв пат ќе седне во формулата во сабота. Првиот ден е резервиран за неговиот клупски колега Естебан Окон, додека и двајцата ќе бидат на патеката во недела за време на последниот ден од тестирањето.

Досега шест од десет тимови објавија кои возачи ќе учествуваат на тестирањето и според кој распоред. Познато е дека Макс Ферстапен ќе вози за Ред Бул во петок, а Серхио Перез во сабота. Тимот на Мерцедес, сè уште нема решено кој ќе биде на патеката во Бахреин.

Шампионатот во сезоната 2021 започнува со трката за Големата награда на Бахреин на 28 март.

Се вчитува...