Алтипармаковски го оперираше коленото

Поранешниот фудбалер на Пелистер и на Работнички, Марјан Алтипармаковски, го оперираше коленото. Тој реши да ги послуша лекарските совети повредата да ја санира по хируршки пат. Сега го очекува подолг рехабилитациски процес пред да се врати на фудбалските терени.

Алтипармаковски е член на албанскиот прволигаш Љачи, претходно го носеше дресот на босанскиот клуб Сараево, а настапуваше и во Литванија.

Се вчитува...