Алушовски: Овој голем триумф е награда за несреќните порази во ЛШ

Еурофарм Работник несреќно губи во Лигата на шампионите, но затоа игра одлично во регионалната СЕХА – лига. Вечерва во Битола падна и големиот Веспрем. Тимот на Стевче Алушовски победи со 26-24, а стратегот вели дека тоа е еден вид награда за ракометарите откако добро играа и на мечевите во ЛШ, но несреќно ги губеа мечевите.

„Горд сум што победивме гигант како Веспрем. Ова е награда за нас по несреќните порази во Лигата на шампионите. Се надевам дека сега момците ќе почнат да веруваат дека вредат и многу повеќе. Можеби се уште имаат и некоја психолошка бариера и се надевам дека овој триумф многу ќе ни помогне во таа насока“, изјави Стевче Алушовски по големиот триумф над унгарскиот гигант Веспрем.

По три дена, Алушовски ќе се надмудрува со Веселин Вујовиќ, кој повторно е на кормилото на ППД Загреб.

Се вчитува...