Хаосот во финишот од дуелот, кошкањето на граница на тепачка, инцидентот во кој петмина фудбалери меќу кои и Нејмар одбија црвени картони беше обележјето на големиот триумф на Олимпик Марсеј во големото француско фудбалско дерби со Пари Сен Жермен. По натпреварот, Нејмар жестоко удри по Алваро Гонзалес со кого влезе во дуел обвинувајќи го за расизам. Не помина долго и Бразилецот одби одговор.
„Нема место за расизам. Имам чиста кариера со голем број различни соиграчи и пријатели. Некогаш треба да научиш и да губиш. Неверојатни три бода“ – напиша Гонзалес на Твитер објавувајќи фотографија од тимот на Олимпик на која е очигледен диверзитетот во составот.
[#L1??] Alvaro Gonzalez répond à Neymar? : “Il n’y a aucune place pour le racisme. Une carrière propre avec beaucoup de coéquipiers et d’amis au quotidien. Parfois il faut apprendre à perdre et l’assumer sur le terrain. Incroyables trois points.”
(TW) pic.twitter.com/7j4DUy3Nfs
— Footballogue⭐️⭐️ (@Footballogue) September 14, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА