Алвеш: Меси не е среќен во ПСЖ, очекувам да се врати во Барселона

Дани Алвеш се надева дека Лео Меси по едногодишна авантура во ПСЖ ќе се врати во Барселона следното лето. Меси не е ниту бледа сенка од себеси во ПСЖ, Аргентинецот ретко постигнува голови, особено во француското првенство и се почесто станува мета на критики.

Меси има договор со ПСЖ, но нејасни се плановите на францускиот клуб со него, дали ќе инсистираат да го задржат или би му дозволиле да си замине.

Дани Алвеш за медиумите истакна дека очекува враќање на Лео во Барселона.

„Се надевам дека Лео Меси ќе се врати во Барселона. Според мене тој не ужива таму, не може да се пронајде на тоа место. Ќе кажам нешто што Лео секогаш ми велеше: „Каде ќе бидеш подобар од тука … и во право е …  јас веќе го искусив тоа“, изјави Алвеш.

Се вчитува...