Алжирец го откажа настапот на ЛОИ: Не сакам да ги валкам рацете на Израелец

Алжирскиот џудист Фети Нурин го откажа својот настап на Олимписките игри во Токио по одржување на жребот поради можноста за борба против израелскиот претставник Тахор Бутбул во втората фаза од натпреварувањето.

За противник во првото коло Нурин го доби Мохамед Абдалросол од Судан, а победникот од овој дуел треба силите да ги одмери во четвртфиналето против Израелецот. Како причина да откажувањето Алжирецот наведе дека не сака да ги валка рацете против Израелец како политичка поддршка за Палестинците.

„Вложивме многу за да се најдеме на Игрите, а потоа не шокираше оваа вест. Сепак, мојата одлука е конечна бидејќи не сакам да си ги валкам рацете“, изјави Нурин.

Се вчитува...