Амбициозен план: Дончиќ и Порзингис заедно во Њујорк?

Њујорк никс неколку сезони наназад се соочува со огромна криза, а раководството на клубот планира да се обиде да најде излез од идната спојувајќи ги двете најголеми млади ѕвезди на европската кошарка. Никси веќе го имаат во своите редови Кристоф Порзингис, а голема желба на овој клуб е на наредниот драфт да го доведат и словенечкото „чудо од дете“, Лука Дончиќ.

Оваа информација ја објави веснико „Њујорк пост“, кој тврди дека челниците на Њујорк свесно ја жртвуваат претстојната сезона за што подобра позиција на драфтот, за потоа да го доведат Дончиќ крај Порзингис и околу овие двајца кошаркари да го градат тимот што би атакувал на далеку подобри резултати од сегашните. Самиот Дончиќ во изјава за словенечките медиуми не ја исклучи можноста во иднина да се пресели во НБА-лигата, откако сезонава очекува уште поголем напредок во кариерата во дресот на Реал Мадрид.

Дончиќ и Порзингис вечерва ќе излезат на мегдан еден против друг во четвртфиналето од Евробаскет 2017, на дуелот меѓу Словенија и Летонија.

Се вчитува...