Амброс Мартин: Заслуживме да се радуваме

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Ѓер под водство на Амброс Мартин ја освои третата титула во Лигата на шампионите. По двегодишна пауза, унгарскиот шампион одново се врати на европскиот врв. Лани Ѓер беше во слична ситуација како годинава Вардар. И токму сеќавањето на тоа лошо искуство, како што вели Мартин, ја направи оваа победа уште повредна.

„Беше многу тешко, но заслуживмае да се радуваме. Во еден момент помислив на ланската ситуација во која повторно дојдовме. Но, овој пат не попуштивме, покажавме поголема одлучност и овој пат тоа беше со среќен крај. Дури и во најтешките моменти одигравме фантастично. Верувајте не е воопшто лесно  да се направи тоа против ваков ривал како Вардар. Честитки за сите мои ракометарки, но и на Вардар кој беше одличен ривал во ова финале“– вели Амброс Мартин, кој сезонава покрај шампионска, ја има и титулата најдобар тренер во ЛШ според изборот на ЕХФ.

Се вчитува...