Американка урна светски рекорд два пати во ист ден

Кејт Даглас испиша историја на Панпацифичкото првенство во пливање што се одржува во Калифорнија, откако во рок од неколку часа два пати поставуваше нов светски рекорд на 50 метри слободно.

Далгас беше одлична и на трката на 100 метри каде за само 0,01 секунда не стигна до светски рекорд, но затоа Американката пливаше импресивно на двојно пократката делница.

Таа во утринските квалификации постави нов светски рекорд од 23,49 секунди, за шест стотинки подобро од сонародничката Гречен Волш која кратко го имаше епитетот светска рекордерка зад своето име.

Даглас беше уште поимпресивна во големото финале, во кое триумфираше со време 23,19 секунди, втор светски рекорд во ист ден во оваа дисциплина.

Се вчитува...