Американките подобри од Русија во „женскиот хокеарски класик“

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави славеше над Русија со 5-0 во хокеарскиот женски класик. Американките фаворитската улога ја покажаа уште во првиот период кој го добија со 1-0.

По 40 минути игра предноста беше удвоена, а буквален распад на Русинките се случи во третиот период во кој Американките го наполнија голот на Сорокина до врв за конечни 5-0. По два одиграни меча САД има две победи, додека Русинките се на скор од еден триумф и еден пораз.

Во останатите мечеви од денешната понуда Канада беше убедлива против Финска со 11-1, Чешка подобра од Шведска со 3-1 и Јапонија од Данска со 6-2.

 

 

Се вчитува...