Американците го нападнаа Јокиќ: Србинот нема трпение да ја слуша химната на САД (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Никола Јокиќ го навлече гневот на публиката во Соединетите Американски Држави. Пред натпреварите во НБА, традиција е да се интонира американската химна, но на Србинот изгледа веќе му станала здодевна.

Пред завршувањето на химната на САД, тој се тргна од своите соиграчи и отиде кон клупата за да ја соблече тренерката, што предизвика револт кај дел од американските фанови.

Се вчитува...