Американците на ЗОИ во Пјонгчанг ќе се греат со облека на батерии!

Студеното време и температурите под -20 во Пјонгчанг, се сериозен проблем за учесниците на Зимските олимписки игри во Ј.Кореја што почнуваат од утре. Со временските неприлики засега најдобро се снаоѓаат Американците кои имаат оргинално решение за затоплување на официјалната опрема.

Имено, дизајнерите на Ралф Лорен донесоа лесни батерии кои ја загреваат опремата на американските спортисти. Специјалните греачи се полнат од сончевата енергија и на спортистите им обезбедуваат топлина за најмалку пет часа. Вакви затоплувачи, Американците ќе имаат и во ракавиците.

Температурата во Пјонгчанг деновиве ретко се искачува над 0 степени, а метереолозите највауваат уште поладно време во наредните денови што може да биде дополнителен проблем на олимписките борилишта.

Според студот, Пјонгчанг е во Топ 4 на Зимските олимписки игри. Најладен од сите домаќини досега бил Лилехамер со просечна температура за време на Игрите од -11 степени.

Се вчитува...