Американците се посилни: Прифати и Харден, еве кој ќе игра за „дрим-тимот“ во Токио

Американската репрезентација се комплетира за претстојните Олимписки Игри во Токио, откако еден ден по Кевин Дурант, повикот да биде дел од „дрим-тимот“ го прифати уште една „ѕвезда“ на Бруклин Нетс. Станува збор за Џејмс Харден, извонредниот бек кој не настапи на ОИ во Рио и на СП во Кина, но овојпат ја прифати поканата на селекторот Попович и ќе биде еден од главните адути на Американците во походот по ново олимписко злато.

Покрај Харден, повикот на Поповиќ го прифати и стартниот центар на Мајами, Бем Адебајо, кој сезонава играше одлично, во просек бележејќи по 18,7 поени и деет скокови по натпревар.

Покрај нив, дел од американскиот состав ќе бидат и Дурант, Букер, Лилард, Грин, Бил и Тејтум. Дополнително се очекува да бидат повикани уште четири „ѕвезди“ од НБА-лигата, а прогнозите велат дека една од нив сигурни ќе биде Зион Вилијамсон.

Од оние кои веќе го откажаа учеството, покрај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс, селекторот на САД нема да може да смета ниту на Стеф Кари и Донован Мичел, кои му соопштиле дека планираат летово да се посветат на целосна рехабилитација од повредите што ги мачеа цела сезона.

Се вчитува...