Лестер испадна во Лига еден, третата по ранг во Англија, но тоа не е проблем за Џејми Варди. Според италијанскиот медиуми, некогашниот англиски репрезентативец ќе се врати во овој тим, да ја одигра последната сезона во професионалниот фудбал.
Оваа одлука предизвика голем ентузијазам кај навивачите на Лестер кои го сметаат Варди за една од најголемите легенди во историјата на клубот.
Неговото име засекогаш ќе остане поврзано со неверојатното освојување на англиската Премиер лига во сезоната 2015/16.
Варди тогаш беше симбол на борбен дух, упорност и неверојатна фудбалска приказна што го обиколи целиот свет.
Од играч во клуб од пониска класа, тој стигна до статус на еден од најопасните напаѓачи во Англија, а тоа му донесе и статус на репрезентативец.
Во моментов Варди игра за Кремонезе, но по завршувањето на сезоната веројатно ќе следува враќање во својот омилен тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
