Маџари и ТФТ го играат вториот натпревар од плеј-офот во кошаркарската Супер-лига, и веднаш на стартот се случи огромен хендикеп за домашниот тим, кој има предност во серијата од 1-0.
Најдобриот кошаркар на оваа екипа, Џевон Грин доживеа тешка повреда, и мораше да го напушти теренот уште во 5. минута од средбата.
Уште на стартот Грин запиша пет поени, но Маџари ќе мора без него до крајот на мечот. Неговото отсуство сигурно ќе влијае на конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
