Замената за Салах во Ливерпул доаѓа од Вест Хем

Името на Џерод Бовен се споменува како можно летно засилување на Ливерпул, и потенцијална замена за Мохамед Салах кој по завршувањето на сезоната го напушта „Енфилд“, пишува „Дејли Мејл“.

Англискиот репрезентативец сигурно ќе ги напушти „Чеканите“ ако испаднат од Премиерлигата, и тоа би го олеснило целиот процес.

Бовен постигна 84 голови на 278 настапи за Вест Хем. Има договор до 2029 година, и за него веројатно лондончани ќе бараат 60 милиони фунти. Евентуално испаѓање би му овозможило на Ливерпул да се „ценка“ и да извади помала сума за да дојде до неговиот потпис.

Еукасл и Еверотн исто така се заинтересирани за овој англиски репрезентативец кој има 29 години.

Се вчитува...