Португалскиот тренер Рубен Аморим, на 1. ноември ќе одбележи една година на клупата на Манчестер Јунајтед. Имаше година со многу осцилации, закани од отказ, но во последно време неговиот тим игра добро, и се искачи во горниот дел од табелата.
Тој раскажуваше за оваа една година на клупата на тимот од „Олд Трафор“, а потоа кажа и за својата иднина, односно што очекува од работата во Манчестер Јунајтед.
„Навистина беше предизвикувачки, имаше добри и лоши моменти. Но, научив многу. Сфатив дури и во тешки времиња дека можам да се држам во она што верувам. Денес мојот одговор е подобар од оној што ќе го дадев пред три недели. Ова е едно од моите најголеми достигнувања во животот, и сакам да останам тука уште многу години“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

