Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека не е загрижен дали тимот ќе биде пред Ливерпул на табелата на крајот од сезоната. Тој кажа дека го интересира само како да стане првак на Премиерлигата.
Тимот на Аморим е во добра форма, врза три победи по ред, и поради кризата на Ливерпул, се најде пред својот ривал на табелата.
„Воопшто не ме интересира дали Манчестер Јунајтед ќе биде пред Ливерпул. Сакам само да победуваме на секој натпревар и да завршиме на врвот на Премиерлигата. Сакам да бидам шампион“, рече Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

