Поранешната ракометарка на Вардар, Ања Алтхаус за време на Европското првенство 2024 во нејзината родна земја Германија е вклучен во стручниот штаб на македонската репрезентација како медиа-менаџер задолжена за ПР-односите и комуникација со медиумите на собирот на најдобрите селекции на Стариот континент.
Затоа и во фокусот на вниманието на германските медиуми, пред денашната пресметка меѓу Германија и Македонија во втората рунда натпревари на ЕП 2024. Во интервју за германски „Билд“, Алтхаус нагласува дека, иако Германка, е горда што е дел од македонската репрезентација, а вечерва нема дилема за кого ќе навива.
„Да бидам искрена малку е спцифично чувството да се биде дел од македонската репрезентација и да се игра против Германија. Но, секако, како член на македонската репрезентација, со 100% ќе навивам за Македонија“ – вели без размислување Алтхаус, која искажува повеќе од позитивни нешта за начинот на кој функционира македонскиот тим под водство на Кире Лазаров.
Добро е познато дека Алтхаус е во врска со македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски, но вели дека никогаш не го меша приватното кога се во прашање професионалните обврски.
„Се однесуваме многу професионално. Сите знаат дека со Томи веќе подолг период сме во врска, но тоа нема допирна точка со нашите ангажмани кон кои секако и двајцата се однесуваме максимално професионално“ – истакнува Алтхаус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА