Анадолу Ефес го преслуша Фенербахче за титула во Суперкупот на Турција

Кошаркарите на актуелниот двократен европски шампион, Анадолу Ефес стигнаа до првиот трофеј во новата сезона во клупската кошарка во Европа откако во турскиот Суперкуп славеа над големиот ривал Фенербахче со убедливи 62-71.

Актуелниот шампион влезе фуриозно во натпреварот и веќе на полувреме имаше позитива од деветнаесет поени разлика (23-42). Во вториот дел избраниците на Атаман паднаа во финишот, но тоа не беше доволно за Фенербахче да се врати во мечот и на крајот Анадолу Ефес стигна до конечен триумф од 62-71.

Ова беше прв официјален натпревар за грчкиот стратег Димитрис Итудис на клупата на Фенербахче кој дефинитивно нема да го памети по добро.

Се вчитува...