Анадолу Ефес со пресврт го реши Макаби, Олимпијакос го освои Санкт Петербург

Кошаркарите на Анадолу Ефес со пресврт стигнаа до втората победа во новата сезона од Евролигата славејќи со 91-89 против Макаби Тел Авив.

Турскиот тим имаше негатива од пет поени на стартот од последниот период од играта, но успеа да ја анулира за сосема заслужена победа. Предводници во триумфот беа Беабоис со 23, односно Плеис со 20 поени, додека кај гостите одличен беше Елијах Брајант со 22 запишани поени.

Олимпијакос триумфираше на гостувањето против Зенит Санкт Петербург со 66-75. Хасан Мартин го предводеше грчкиот тим до победата со 16 поени.

Се вчитува...