Анастасија Богдановски доплива до 28. место на СП

Македонската олимпијка Анастасија Богдановски денеска настапи на Светското Првенство за пливање што се одржува во Будимпешта. Таа беше дел од дисциплината 200 метри слободно, минувајќи ја оваа делница на 2:02,92 минути.

Тоа беше доволно за пласман на 28. позиција во конкуренција на 52 натпреварувачки во оваа дисциплина. Богдановски ќе биде дел и од трката на 100 метри слободно, која на програмата ќе биде на 27 јули.

anastasija bogdanovski budimpesta

Се вчитува...