Анчелоти: Барселона не му е конкурент на Реал Мадрид

Реал Мадрид утре ќе го дочека Кадиз во натпревар од 18. коло во шпанската Ла лига. Тренерот на Реал Мадрид на прес-конференција покрај тоа што го најави кам-бекот на Еден Азар во тимот говореше и на останати теми.

На прашањето дали ја смета Барселона за ривал за титулата, тој изјави дека Барселона во моментов е далеку од Реал Мадрид.

„Барселона во моментов не ни е директен ривал, бидејќи имаме други тимови кои на табелата ни се многу поблиску. Барселона има квалитет да напредува, посебно предводена од Чави Хернандез“, изјави накратко Анчелоти.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Кадиз ќе се игра утре со почеток во 21 часот.

Се вчитува...