Анчелоти: Бензема е подготвен и мотивиран, ќе ни донесе многу во продолжението од сезоната

Карим Бензема го пропушти Светското првенство во Катар поради повреда, а и покрај тоа што истата ја санираше навремено за натпреварите од разигрувањето за титула искусниот француски напаѓач нe доби место во репрезентацијата на „триколорите“ кои не успеаја да ја одбранат шампионската титула во големото финале против Аргентина.

Бензема по Мундијалот и официјално замина во репрезентативна пензија, но целата ситуација од Катар дополнително го мотивирала за продолжението од клупската сезона, вели неговиот тренер во Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

„Карим се врати на 10. декември по одмор кој го дадовме на сите играчи. Одигра 30 минути во првиот тест, потоа и 45. минути и неговата физичка состојба се подобри. Возбуден е за враќањето на терените, бидејќи не играше многу во првиот дел од сезоната. Мотивиран е и полн со ентузијазам верувам дека ќе ни биде од голема помош во вториот дел од сезоната“, вели италијанскиот стратег.

Се вчитува...