Анчелоти: Да сум тренер на ПСЖ би се фрлил од некој мост

Фудбалска Европа се уште зборува за неверојатната елиминација на ПСЖ од Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ во сите сегменти го надмудри тренерот на ПСЖ, па токму на таа тема коментар даде и поранешниот тренер на парижаните, Карло Анчелоти.

„Беше тоа неверојатен, неверојатен натпревар. Да бев на клупата на ПСЖ не знам што би направел. Веројатно би отишол до најблискиот мост и би се фрлил“ – истакна актуелниот стратег на Наполи.

Италијанецот на клупата на ПСЖ мина година и пол. Замина во 2013 година за да го преземе Реал Мадрид. Анчелоти во тренерската кариера работеше уште и во Јувентус, Милан, Челси и Баерн Минхен. Најголемите успеси ги оствари со Милан.

Се вчитува...