Анчелоти до Малдини: Се гледаме во Истанбул, нели?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му се обратил на техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини веднаш после ждрепката за 1/4 финалето во Лигата на шампионите, и му кажал дека очекува да се сретнат во финалето во Истанбул.

Тоа го откри легендарниот дефанзивец на „росонерите“ кои играше долги години под италијанскиот стручњак во миланските „црвено-црни“. Во 2005 година двајцата заедно со Милан играа во финалето во Истанбул, кога беа поразени од Ливерпул во драматично финале кое беше решено на пенали.

„Знаете ли што е проблемот? Анчелоти, кој сега е тренер на Реал Мадрид, има недовршена работа во Истанбул. Веднаш после ждрепката ми се обрати со порака: „Паоло, се гледаме во Истанбул, нели?“. Нема да биде лесно, но клупската историја ни дава можност да го обезбедиме тоа. Кога ќе дојде март-април, мотивот е на високо ниво и може да се сврти сезоната во нешто неверојатно“, рече Малдини.

Се вчитува...