Анчелоти добива отказ ако не го освои светското клупско првенство!

Кризата во која е западнат Реал Мадрид веќе во сабота би можела да резултира со голема жртва. Шпанците пренесуваат дека Карло Анчелоти мора да го освои светското клупско првенство во Мароко ако сака да си ја зачува работата.

Реал во последните пет викенди дозволи Барселона да му избега на огромни осум бода предност во трката за врвот во Ла Лига, а притоа загуби од големиот ривал со 3-1 и во финалето на Суперкупот на Шпанија. Реал беше на раб на испаѓање и во Купот на Шпанија од Вилјареал, но успеа да се спаси.

Па, сега Анчелоти ќе треба да се спасува утре и во сабота во завршницата од клупското СП кое се игра во Мароко. Реал во полуфиналето игра против египетскиот Ал Ахли. Ако очекувано ги победи Египќаните во финалето би играл против победникот од дуелот меѓу бразилски Фламенго и Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Анчелоти во битката за трофејот нема да може да смета на тројца клучни фудбалери, Куртоа, Едер Милито и Карим Бензема кои се повредени.

Шпанците пренесуваат дека и односот меѓу раководството на Реал и Анчелоти е и тоа како нарушен. Тие повеќе не му веруваат, а Анчелоти бил премногу бесен што во преодниот рок не му донесоа ниту еден од фудбалерите од неговата листа па на крајот мора на сите фронтови да игра со само 16 расположиви фудбалери.

Се вчитува...