Анчелоти: Дозволете да кажам една работа за Модриќ и за Крос

Реал Мадрид без многу мака го елиминираше Ливерпул откако „кралевите“ и на реваншот го совладаа англискиот гигант, овојпат со минимални 1-0 со голот на Карим Бензема.

И овој натпревар како и реваншот мина во знакот  на Лука Модриќ и Тони Крос, кои брилијантно го контролираа темпото на натпреварот, не дозволувајќи Ливерпул ниту за момент да се понадева на чудесен камбек. Одличен на средината од теренот беше и младиот Французин Едуардо Камавинга, а тренерот Карло Анчелоти имаше обаснување за неговата блескава партија.

„Камавинга најмногу сака да игра во средината заедно со Модриќ и со Крос, тогаш тој се чувствува најсигурно и најугодно. Дозволете ми да кажам една работа за Модриќ и за Крос. Тие не се стартери затоа што имале блескави кариери во минатото. Тие се стартери затоа што тоа го заслужуваат, затоа што се уште се меѓу најдобрите во светот“, изјави Анчелоти.

Карим Бензема се пожали на повреда веднаш по постигнувањето на голот, што е проблем ако се знае дека во следното коло Реал го очекува големото дерби против Барселона.

„Тоа беше само удар, не е ништо сериозно. Бензема ќе игра против Барса“, прокоментира стратегот на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...