Анчелоти: Единствената ’грешка’ на Роналдо е што потпиша за Јувентус

Некогаш беше негов најголем адут во таборот на Реал Мадрид, а сега се на спротивни страни, Карло Анчелоти на клупата на Наполи, а Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус. Италијанскиот стратег и понатаму има неверојатна почит за португалскиот фудбалер и смета дека токму тој требаше да ја добие „Златната топка“. Во интервју за „Франс Фудбал“ вели дека единствената ’грешка’ на Роналдо е што потпишал за „старата дама“.

„Доаѓањето на Кристијано е одлично за имиџот на Серија А. Долго време немаше вистинска ѕвезда, како на времето Марадона, Платини, Зидан, Роиналдо, Шевченко, Кака, Ибрахимовиќ… Сега со Кристијано ќе се зголеми интересот, но тој го погреши клубот…ха-ха. Сега сме на различни страни, но почитта секако дека постои. Тој е најдобриот фудбалер во светот, и доколку останеше во Реал Мадрид, мислам дека ќе ја добиеше и „Златната топка“. Во Наполи сум одлично прифатен и најголемиот предизвик ќе ми биде да го внесам шампионскиот дух. Тимот игра одлично неколку години, но секогаш Јувентус го освојуваше трофејот во Калчото“, изјави Карло Анчелоти.

 

Се вчитува...