Анчелоти ги избра своите најдобри 11 – Во нив нема место за Роналдо

Легендарниот италијански тренер Карло Анчелоти ги избран „најдобрите 11“ кои во текот на кариерата ги тренираше. Актуелниот менаџер на Евертон во текот на тренерската кариера работеше ширум Европа. Ги водеше најголемите тимови и освојуваше трофеи во Италија, Шпанија, Англија, Германија и Франција.

Интересно во тимот на Анчелоти го нема Кристијано Роналдо со кого соработуваше во Реал Мадрид и успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Најдобрите 11 на Карло Анчелоти: Буфон, Кафу, Тиаго Силва, Тери, Малдини, Лампард, Пирло, Зидан, Кака, Шевченко и Ибрахимовиќ.

Се вчитува...