Анчелоти: Имаме проблеми со самодовербата

Наполи доживеа дебакл на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова, откако загуби од Сампдорија со 3-0 во третото коло од Серија А. Ова ги изнесе на виделина сите слаби страни во составот на Карло Анчелоти.

Искусниот стратег вели дека најголем е проблемот со самодовербата кај одредени фудбалери во неговиот тим.

„Дали имам објаснување? Секако дека имам. Тимот има проблеми со самодовербата. Во првото полувреме дозволивме лесни голови, и потоа е тешко да се вратиш на вакво гостување. Сампдорија е квалитетен тим. Нашата одбрана немаше баланс, а средниот ред речиси и да не постоеше. Но, ќе биде многу подобро и од овој пораз треба многу да научиме“, изјави Карло Анчелоти.

Се вчитува...