Анчелоти ја затвори вратата за Бразил: Не мрдам од Реал Мадрид до 2024 година

Карло Анчелоти експресно стави крај на гласините дека би можел да го напушти Реал Мадрид за да стане селектор на репрезентацијата на Бразил.

Многумина тренери сонуваат да ја добијат функцијата предводник на „кариоките“, но Анчелоти јасно стави до знаење дека воопшто не размислува за тоа, а единствен фокус во моментов му е работата во Реал Мадрид.

„Не знам што ми носи иднината, но она во што сум сигурен – се чувствувам многу добро во Реал Мадрид и пред себе имаме бројни цели што треба да ги исполниме. Ќе дојде време кога ќе размислувам за иднината, но сега сум фокусиран само на Реал Мадрид. Имам договор до 30 јуни 2024 година и доколку клубот не ме избрка, јас сигурно не сакам да си заминам одовде“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...