Анчелоти: Јас не би ги свирнал и двата пенали

Карло Анчелоти има дел од вината за поразот од Вилјареал, откако тренерот на Реал Мадрид се реши за неколку експерименти, за првпат сезонава стартувајќи го Едер Милитао како десен бек.

„Милитао беше добар на оваа позиција за Бразил на СП, па решив да се обидеме да го искористиме. Во нападот беше корисен, во одбраната проблемот не беше Едер Милитао, туку целокупната наша игра… оставивме премногу простор меѓу линиите што противникот знаеше да го искористи и да ни создаде огромни проблеми“, прокоментира Анчелоти.

Тој се осврна и на двата досудени пенали, најпрвин оној за израмнување на Реал, а веднаш потоа и оној за вториот гол на Вилјареал.

„Ако гледате според официјалниот правилник, тогаш фудбалерите играа со рака и треба да се досуди пенал. Сепак, јас лично не би ги свирнал и двата, ниту оној за нас, ниту оној за Вилјареал, бидејќи кај играчите апсолутно не постоеше намера за допир на топката со раката“, изјави тренерот на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...