Анчелоти: Конечно најдовме позиција за Асенсио!

Фудбалерите на Реал Мадрид во средата вечерта ја декласираа Мајорка со 6-1, а еден од хероите на натпреварот беше тројниот стрелец Марко Асенсио. Тренерот на тимот, Карло Анчелоти, исто така, ја коментираше одличната игра на шпанскиот играч за врска, кој во минатото се мачеше да најде постојана форма.

Тоа беше првиот хет-трик во кариерата за Асенсио, но 25-годишниот фудбалер не ги прослави своите голови бидејќи ги постигна против поранешниот клуб.

„Добро го отворивме натпреварот и малку го сменивме пристапот, игравме со многу поголем интензитет. Бевме поагресивни, и тоа беше нешто за што разговаравме. Играчите кои не играа толку често беа добро подготвени, а тоа е добар знак. Асенсио се справува многу добро на позицијата на која беше против Мајорка. Може да му нанесе многу штета на противникот, одлично се комбинира со напаѓачите, а има и одличен удар. Мислам дека ова е неговата позиција“, изјави 62-годишниот тренер на Реал Мадрид.

Следниот натпревар на „кралскиот клуб“ ќе се одигра в сабота, исто така во Ла Лига, а ривал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде тимот на Вилјареал. Фудбалерите на Анчелоти веќе следната недела ќе имаат и натпревар од Лигата на шампионите против молдавскиот Тираспол.

Се вчитува...