Анчелоти крена раце: Најлошиот трансфер во историјата на Реал заминува од Мадрид

Еден Азар ова лето дефинитивно заминува од Реал Мадрид. Белгискиот репрезентативец пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ како големо засилување вредно 115 милиони евра и во него се гледаше како нов лидер на „галактикос“, но преголемиот број на повреди го спречија да го потврди својот потенцијал.

Азар кој блескаше во редовите на Челси беше само бледа сенка во „кралскиот“ дрес, не успеа да се наметне за минутажа и за него повеќе нема место во клубот. Карло Анчелоти се обиде да најде решение за голгетерот, но според последните информации од Шпанија, искусниот Италијанец нема да смета на неговите услуги во иднина.

Од 2019 година белгискиот репрезентативец настапи на само 73 натпревари на кои постигна седум гола, а забележа и 11 асистенции.

Се вчитува...