Анчелоти: Меси најдобар играч на сите времиња? Не е фер, јас секој ден ја тренирам Златната топка

Реал Мадрид се подготвува за вториот дел од сезоната во кој „кралскиот“ тим ќе цели на одбрана на титулите во Лигата на Шампионите и продолжување на доминацијата во шпанскиот првенство.

На пресконференцијата на медиуми тренерот Карло Анчелоти говореше на повеќе теми, а доби и интересно прашање дали мисли дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во историјата, за која имаше и интересен одговор во кој го пофали Лука Модриќ.

„Не е фер да кажете дали не кој е најдобар на сите времиња бидејќи секоја ера има одлични фудбалери. На пример, јас секој ден ја тренирам Златната топка“, изјави италијанскиот стратег.

Се вчитува...