Анчелоти: Морам да бидам неправеден, па видете го Лука Модриќ

Реал Мадрид ја совлада Валенсија со 5-1 на својот „Сантијаго Бернабеу“, а Лука Модриќ влезе на местото на Федерико Валверде дури во 60. минута. Клубот од Мадрид сега е на второто место во Примера, со два бода помалку од лидерот Жирона, а на саботниот меч стрелци беа Винисиус Жуниор и Родриго, со по два гола, додека Дани Карвахал додаде еден.

Реал веќе извесно време поради повреда е без еден од најдобрите светски голмани Тибо Куртоа, а по повредата на Кепа Аризабалага шанса доби Андриј Лунин. На прес-конференцијата тренерот Карло Анчелоти беше запрашан дали смета дека е неправедно што претходно не му даде шанса на украинскиот голман.

„Не знам што да кажам. Нивото на квалитет во тимот е високо. Кога имате тим на ова ниво, понекогаш мора да бидете нефер. На пример, Лука Модриќ сакаше да започне денеска, но остана на клупата. Морам да изберам, што не е секогаш лесно“, одговори италијанскиот стручњак.

Се вчитува...